Денес во “ЕВРОПА“ има 430 работници и процесот на производство се изведува во две смени смени.
Купената квалитетна опрема од Западна Европа им дава одличен квалитет на нашите прозиводи.
Во одделот на обландите е постигнат висок квалитет што ја зголеми продажбата и обезбеди присуство на Европските и светските пазари. Воведена е нова технологија во производството на бисквити, покрај веќе постоечките – за обланди и бомбони.
Нвата технологија “еден обид“ за леење на чоколади, полнети чоколади и десерти, го модернизира производството со високо ниво на автоматизација во делот на нивно создавање и директна врска, преку подвижната лента, со пакувањето на производите.
Новата опрема во секторот за десерти придонесе за подобрување на квалитетот и квантитетот на бомбоните што се топат и пенестите производи и обезбеди производство на нови продукти, како гумени и желе бомбони.
Што се однесува до бомбоните, новата линија на тврди полнети бомбони не само што го подобри квалитетот на производите, туку и го зголеми нивниот ланец. Исто така, во овој сектор нова линија за производство на карамели е купена, којашто ќе придонесе за зголемување на квалитетот и проширување на ланецот на овој вид на производи.
Последниве години забележани се позитивни промени во делот на пакување на производите – резултатот е квалитетно дизајнирани и атрактивни производи, потврдени со пофалбите за висок квалитет, дизајн и пакување од нашите бизнис партнери, како од домашниот така и од странскиот пазар и се разбира од потрошувачите исто така.
Во последниве години, инвестиравме во компјутеризација, која обезбедува присуство на најнови технологии и гарантиран квалитет на производите.