За нас
За нас / Нашата историја
Нашата историја
Нашата историја
Акционерското друштво “ЕВРОПА“ постои од 1882 година, кога беше формирано како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и слични производи од шеќер, со дневен капацитет од 250кг и пет работилници на 150м2 работна површина. Во тоа време опремата во работилницата беше многу скромна – неколку бакарни казани (направени од цигли и глина) за производство на смеса за бонбони и варење на локум и мермерни плочи за ладење на смесата од локум.

Освен инестициите кои вклучуваа механизација на производните процеси, постојаното подобрување на квалитетот на производите беше постигнато со ангажирање на најдобрите мајстори во оваа работа.

Предвоените и воените услови во земјата за време на двете Светски војни, наметнаа период на стагнација на работата на “ЕВРОПА“. Повоените години се период кога под отежнати услови се произведуваа само некои од производите.

Кога во 1952 година се појавија услови за преместување на фабриката во “нови“ простории, претходно приспособени и прилагодени на потребите на фабриката, дојде погоден период за делумна реализација на веќе подготвената програма за инвестиции.
Во согласност со ова започна купувањето на нова опрема за производство на бомбони и карамели и технологија во сите фази на производство на чоколади (пешење на зрнца од какао, подготовка на какао масата, бојадисување и леење). Промената на постоечката опрема со комплетно нова опрема во погонот за бомбони и чоколади придонесе за зголемување на производството, висок квалитет и широк ланец на производи.
Катастрофалниот земјотрес во 1963 предизвика сериозна штета врз фабриката, но благодарение на одобрените финансиски средства (кредити), се направија обиди за градење на модерни работни простории и нови модерни тенологии во одделот за чоколади, вклучувајќи нови видови на производи – чоколадни десерти.

Активноста во инвестирањето продолжи и во периодот помеѓу 1989 – 1992 година и обезбеди високо ниво на развој во наредните години, со зголемено производство, продажба и многу добри финансиски резултати.

Најголемото производство беше постигнато во 1991 година (8,893 тони) и продажба (9,154 тони).
Развиено од:
© Copyright 2010 Европа, Сите права задржани