Собрание на акционери
Собрание на акционери 2011 / Годишно собрание
Годишно собрание
ГОДИШНО СОБРАНИЕ

Собрание на АД ЕВРОПА Скопје

Врз основа на член 40 од Статутот на Акционерско друштво, фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА Скопје, a во врска со членовите 385 и 387 од Законот за трговските друштва, Управниот одбор на АД ЕВРОПА Скопје

ОБЈАВУВА ПОВИК

до акционерите за учество на Годишно Собрание на АД ЕВРОПА Скопје
Собранието ќе се одржи на ден 11.04.2011 година (понеделник) со почеток во 13 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.808 број 8 во Скопје.

За Годишното Собрание на акционери на друштвото се предлага следниот:

ДНЕВЕН РЕД

              I    Процедурален дел

  1. Верификација на списокот на пријавени и присутни акционери
  2. Избор на Претседавач на Собранието
  3. Усвојување на Дневен ред
  4. II    Работен дел

  5. Усвојување на Записникот од Собранието на акционери на друштвото одржано на ден 19.08.2010 година.

  6. - Записник за Собрание на акционери.

  7. Разгледување и одобрување на Извештајот за економско и финансиската ревизија на друштвото за деловната 2010 година изготвен од страна на ревизорската куќа Б и Љ.

  8. - Извештај за економско финансиска ревизија за 2010.

  9. Разгледување и одобрување на Годишната сметка за деловната 2010 година.

  10. Разгледување и одобрување на Извештајот за работењето на друштвото во периодот од 01.01.2010 година до 31.12.2010 година.

  11. Одлучување за употреба на добивката.

  12. Одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор.

  13. Одобрување на работата на членовите на Управниот одбор.

  14. Назначување на ревизорско друштво за ревизија на работењето на друштвото за 2011 година.

  15. Предлог одлука за стекнување на друштвото на сопствени акции со откуп.

  16. Предлог Одлука за измена на Статутот на АД ЕВРОПА Скопје.

  17. Предлог Одлука за отповикување на еден член на Надзорен одбор поради намалување на бројот на членовите на Надзорен одбор.

Вкупниот број на акции во АД ЕВРОПА Скопје изнесува 255.583 акции, од кои:
- 9.489 приоритетни акции; и
- 246.094 акции со право на глас на денот на објавата на јавниот повик.

Согласно чл. 383 ст. 3 од ЗТД записникот ќе го води нотар.
Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават до АД ЕВРОПА Скопје ул. „808“ бр. 8 Скопје
Секој акционер може да овласти, со полномошно свој полномошник на Собранието, со давање на полномошно во писмена форма.

Акционерот треба во писмена форма веднаш да го извести друштвото за секое дадено полномошно. Акционер кој нема да го извести друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.
Полномошникот може да гласа по сопствена определба но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и ЗТД. Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин определен со Статутот и ЗТД.

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки доставено во писмена форма до Управниот одбор на друштвото, со приложено образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на овој повик.
Акционерите можат да поставуваат прашања до друштвото за точките од дневниот ред во рок од 8 дена од денот на објавувањето.

Материјалите и документите подготвени за Собранието како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва, се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој јавен повик, секој работен ден во седиштето на друштвото како и на официјалната интернет страница www.evropa.com.mk

Скопје, 16.03.2011 година

Управен одбор на
АД ЕВРОПА Скопје


 
Развиено од:
© Copyright 2010 Европа, Сите права задржани