Слаткото потекло на чоколадото
Дали знаете дека чоколадото за прв пат го одгледувале и конзумирале Маите и Ацтеките? До 1000 год. по нашата ера стебленцата на какаото се користеле како лек. Ацтеките верувале дека пиењето на чоколадото, кое претставувало горчлива течност добиена од ферментираните стебленца на какаото, ќе им даде голема мудрост, разбирање и енергија. Неговата употреба била наменета само за владеечките и високите класи.
Гледано од научен аспект
Путерот од Какао содржи триглицерин кој почнува да омекнува на 23,8°C и се топи на 36,1°C. Toa e високо заситена маст која е составена најмногу од стеаринска киселина која е концентрирана најмногу во чоколадото од било која друга храна. Црнито дроб брзо ја претвора стеаринска киселина во олеинска киселина, моно-незаситена киселина кој ниту го покачува ниту го снижува холестеролот.
Чоколaдото содржи и кофеин но не во големи количини. Чоколадото не предизвикува акни. Исто така содржи протеин кој спречува развој на бактерии на забите, и бидејќи се топи на температура која ја има телото и се топи од забите, шеќерот од чоколадото не се прилепува на забите.
Најновите истражувања покажуваат дека чоколадото е лек против рак.
Зошто го сакаме чоколадото
Најубавата работа во врска со чоколадото која не прави среќни кога го јадеме, е тоа што содржи голема концентрација на фенилетиламин, кој хемиски се произведува во мозокот кога си заљубен.
|