НОВОСТИ

Донации на новогодишни пакетчиња

2018-01-16 //

Во пресрет на новогодишните и божикните празници нашата фабрика се вклучи во повеќе хуманитарни акции за донација на пакетчиња, со цел разубавување на празниците на оние на кои помошта им е најпотребна.

Оваа година нашата компанија донираше новогодишни пакетчиња на:

- Здружението “Борка“ - здружение за борба против ракот;

- ДАМА – ЕЛ, Дневен центар за деца со посебни потреби, “Св. Кирил“;

- Дневен центар за деца со аутизам;

- Новогодишна хуманитарна акција "12 новогодишни елки – 12 медиумски приказни", во организација на  Skopje City Mall, наменети за 12 социјално загрозени семејства;

- Донација на пакет производи на социјално загрозено семејство од Велес;

- Донација на новогодишни пакетчиња за инвалидизирани лица од Скопје;

- Божикна хуманитарна акција, во организација на Лајонс клубот Ст.Пантелејмон, донација на производи на 30 социјално загрозени семејства

Во своето 135 годишно постоење, АД Европа како општествено одговорна компанија, одобрувала многубројни спонзорства и донациии на голем број организации и институции, а тоа ќе продолжи да го прави и во иднина во рамките на своите можности.