Најуспешното и најпознатото акционерското друштво, фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА – Скопје успешно ја заврши имплементацијата и го сертифицираше системот за управување со безбедност на храна ISO 22000:2005 (Food Safety Management System), кој го имлпементира системот за управување со квалитетот, HACCP системот и предусловните програми за контрола и намалување на сите опасности по безбедноста на храната на прифатливо ниво. Сертификацијата е извршена од страна на престижната сертификацискa куќа SGS, Швајцарија на 2 јуни 2009 година, која има издадено повеќе од 80 илјади сертификати во своето долгогодишно работење.
АД ЕВРОПА Скопје датира од 1882 година, кога е формирана како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и слични производи од шеќер. Опремата на работилницата во тоа време е многу скромна. Во тек на скоро 130 годишното работење, ЕВРОПА ја унапреди и модернизира својата опрема, континуирано ги зголемува своите капацитети и ја подобрува својата инфраструктура. Набавената квалитетна опрема од западноевропско производство им даде извонреден квалитет на производите. Посебно внимание посветува на безбедноста на храната и квалитетот на своите производи преку целосна контрола на сите фази на производство од влез на репроматеријали до финален производ која се изведува во своите лаборатории.
Со воведувањето на системот ISO 22000:2005 во АД ЕВРОПА Скопје се обезбедува производство на безбедни кондиторски производи, постојано одржување на санитарно-хигиенска заштита на производите, континуирана едукација на вработените, вложување во знаење, нова технологија и развој и следење на светските трендови на кондиторските производи. Системот придава големо значење на водење на следливоста од набавка на суровините се до крајниот потрошувач.
Системот за управување со безбедност на храна ISO 22000:2005 е норма која специфира одредени барања за управување со безбедноста на храната, каде друштвото обезбедува способност да ја контролира потенцијалната опасност за безбедност на храната. На тој начин се осигурува дека таа храна е безбедна за човечка употреба. Со самото воведување на оваа норма се намалуваат опасностите, што допринесува за заштита на потрошувачите и се унапредува квалитетот на производите.
Нормата ги интегрира HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Point) принципите и барањата развиени од Codex Alimentarius Commission. Исто така постојат значајни сличности со системот за управување на квалитетот ISO 9001:2008, и споредбата ќе открие дека голем дел од дисциплините вклучуваат потреба за ефикасно управување на процесите и континуирано унапредување кое е инкорпорирано во ISO 22000:2005.
ISO 22000:2005 |